ЧОВЕК=ПРАВА
Декември, 2011 | Месец на активизам за човековите права во Република Македонија
Човек=Права е 30-дневна можност за активизам, јакнење на јавната свест и едукација за човековите права и слободи. Станете дел од настаните кои ги организираат Цивил – Центар за слобода и многу други групи и организации. Овие 30 дена активизам и настани се инспирирани од Универзалната декларација за човекови права и од Меѓународниот ден на човековите права (10 декември).
Нашата програма на активности во декември ги вклучува:
16-23 декември | Изложба: ЧОВЕК=ПРАВА Графичко студио, Музеј на Град Скопје Ликовни дела на Александра Маја Милошевиќ Уметнички и графички дизајн на Џабир Дерала |
Секој ден | Соопштенија за медиумите посветени на посебни членови на Универзалната декларација за човекови права и активностите посветени на човековите права и слободи во земјата и во светот |
… и повеќе … | поетски перформанси, видео проекции, предавања, презентации, вмрежување, е-дебати... |
ВРЕМЕ Е ДА ГО КРЕНЕШ ТВОЈОТ ГЛАС ЗА ТВОИТЕ ПРАВА. По повод Меѓународниот ден на човековите права, Цивил – Центар за слобода повикува на 30-дневна акција за едукација, прослава и гласност. Апелираме до сите луѓе и граѓански организации да преземат акција секој ден во декември за подобрување на состојбата на човековите права во земјата и во светот.
Каде и да сте, независно од вашиот професионален или општествен статус, вие можете да ги придвижите работите напред, да почитувате и да побарате почитување на човековите права и слободи.
Зборувајте меѓу себе, организирајте или придружете се на форуми за проблеми во областа на човековите права, организирајте или учествувајте во настаните кои се организираат во вашиот град, прочитајте ја и споделете ја Универзалната декларација за човекови права. ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НИ ПРИПАЃААТ НА СИТЕ НАС ПОРАДИ ЕДНОСТАВНИОТ ФАКТ ДЕКА СМЕ РОДЕНИ.
ПОЧИТУВАЈ И БАРАЈ ПОЧИТУВАЊЕ
Светот на денешницата се менува. Милиони луѓе ширум светот излегуваат на улиците да ги побараат човековите права и слободи. Тие ги употребуваат сите средства за да се слушне нивниот глас, да ги принудат владите да го преиспитаат начинот на владеење. Тоа е можно само преку лично посветување, солидарност и активизам. Секој од нас е важен.
„Да се биде човек е да се имаат права. Секој од нас е претставник на човештвото. Затоа, секој од нас има должност да почитува и да бара почитување на човековите права на секој. Должност на секое човечко суштество е да им раскаже на тие што не знаат, да ги охрабри тие што се заплашувани и прогонети, да ги одбрани тие што се под закана и прогонство. Да се биде човек заначи да се посветиме и да се бориме за добробитта на секое човечко суштество на планетата Земја. Сето тоа ве прави човек. Тешко е, но човечно.“ - Џабир М. Дерала, Претседател на Цивил – Центар за слобода
No comments:
Post a Comment