illustration: Xhabir Deralla |
Сите сме родени еднакви и слободни, би била кратката верзија на Член 1 од Универзалната Декларација за Човекови права кој е еден од најголемите документи на модерната цивилизација.
Прочитајте го и научете го Член 1 и кажете им го на вашите деца, соседи, пријатели и колеги. Напишете блог, статус или tweet-увајте за човековите права денеска. Ќе ви потроши само неколку секунди од вашето време, но ќе донесе светлина во животот на луѓето во во неволја. Во светот на денешницата гледаме планина од устави, закони и регулативи, изјави на политичари и јавни личности кои ја декларираат својата посветеност кон човековите права и слободи. Наспроти тоа, гледаме стотици милиони луѓе во светот кои се третирани нечовечки. Третирањето на луѓето како второкласни суштества, дискриминацијата и ропството не се новост. Владите и корпорациите гиупотребуваат моќта на парите, бирократијата и медиумите со цел да ги манипулираат и експлоатираат луѓето.
Денеска може да биде денот кога ти ќе кажеш СТОП на сето тоа. Сети се и потсети ги сите околу тебе дека „Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст“ како што стои во Универзалната декларација за човековите права. Го имаш тоа право, исто колку и секој друг човек на планетава.
Денеска ги покануваме поединците, групите, организациите и институците на граѓанското општество да го поддржат проектот ЧОВЕК=ПРАВА со испраќање порака за поддршка на нашата акција, информација за човековите права и слободи, фотографии и стории за кршење на човековите права.
Подготви: Џабир М. Дерала
definitivno potpolno se soglasuvam, sekogas sum mislel deka nikoj nemoze i nema pravo da ni go odreduva patot koga bi go prevel bukvalno bi rekol deka nikoj nemoze da mi kaze da odam po pesacki premin koga cel svet e nash i deka imame pravo da go minuvam koj pat sakame, bez ogranicuvanja od nekoi isti kako mene! (samo sto treba da pazime od avtomobilite)
ReplyDelete