УНИВEРЗAЛНA ДEKЛAРAЦИJA ЗA ЧOВEKOВИTE ПРAВA
Члeн 4
Никoj нeмa дa бидe рoб или пoтчинeт; рoпствoтo и тргoвиjaтa сo рoбoви ќe бидaт зaбрaнeти вo ситe нивни фoрми.
Што е ропство?
Да се биде роб значи да се биде контролиран-а од друго лице или група луѓе така што вашата волја не го одредува курсот на вашиот сопствен живот, а наградите за вашата работа и жртвите кои ги поднесувате ви се негираат. Според Кевин Бејлс, еден од водечките светски експерти за современото ропство, „луѓето се ставаат во ропство со насилство и се чуваат со цел физички да се експлоатираат против нивната волја“.
27 милиони робови во светот денес
Додека луѓето денес веруваат дека ропството му припаѓа на минатото, во пракса тоа просперира каде што сиромаштијата, социјалните услови и лековерноста на луѓето можат да се искористат. Бејлс проценува дека во светот денес има 27 милиони робови. (Kevin Bales, Disposable People: New Slavery in the Global Economy, University of California Press, 1999)
Кажи НЕ за ропството! Стани и одбрани ги правата на луѓето кои паднале во стапицата на сиромаштијата, манипулацијата и насилството. Човечките суштества не се за продажба!
No comments:
Post a Comment