Tuesday, December 6, 2011

Ти ги имаш правата каде и да одиш!

1-30 декември 2011
Секој ден во декември го посветуваме на по еден член во Универзалната декларација за човекови права соодветен на датумот. Приклучи се и ти! Сподели ја твојата приказна со светот...

Универзална декларација за човековите права
Член 6
Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот.


Човековите права ги уживате секаде и во секое време, единствено поради фактот што сте родени како човек - слободен и еднаков по достоинство и права. Тие не познаваат државни граници и вие имате право да ги уживате во односот со било кој друг човек или институција.
Правата содржани во Универзалната декларација се универзални по својот карактер и секој човек е слободен да ги ужива во секое време пред законот на било која држава. Да се биде признаен како личност пред законот значи да се биде признаен како неприкосновен носител на сите права од Декларацијата.
Член 6 од Декалрацијата упатува обврска до сите државни органи и сите лица кои дејствуваат во името на државата, во односите со сите луѓе да се однесуваат на начин кој ќе ги уважува човековите права и достоинството на секој човек. Уште повеќе, за да може ова право да се оживотвори и практично да се реализира, државата е должна на своите граѓани да им обезбеди ефективни механизми за заштита на правата и да ги вложи сите свои средства и капацитети во обезбедување на терен погоден за нивна реализација.
Никој не може да ти го одземе и незаконски да го ускрати твоето право!
Негирањето на правата од Универзалната декларација значи негирање и повреда на човеково достоинство и на фактот дека некој е човек. Ние, како граѓани и пред се како луѓе, имаме обврска да застанеме во одбрана на своите права и да се спротиставиме на секој обид за злоупотреба и нивно прекршување.
Новите времиња бараат проактивни граѓани кои се едуцирани за суштината на своите права и механизмите за нивна заштита. Затоа, човековите права и борбата за нив никогаш не мируваат и бараат постојано ангажирање за тие да станат реалност. Затоа, како што асоцира и насловот на овој проект ЧОВЕК=ПРАВА, денес повеќе од било кога порано да се биде човек значи да се биде свесен за своите и за правата на другите и да се постапува солидарно и совесно.
Александар Богданоски, Програмски асистент, Цивил – Центар за слобода

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

Ликовни дела на Александра Маја Милошевиќ (комбинирани техники)

Отворање
петок, 16 декември, Графичко студио, Музеј на Град Скопје
Прес конференција
11:30 часот
Отворање на изложба
19 часот
Видео проекција
19:30ч. „Што се човекови права?“ – Youth for Human Rights
Поетско читање
20ч. Стихови на слободата – Џабир Дерала
Кликни на www.civil.org.mk за повеќе информации.
Сподели ја својата приказна со нас:
и придружи се кон е-дебатата за човековите права.

ЧОВЕК=ПРАВА е дел од Решенија – проект за политичка култура и дијалог, финансиран од Balkan Trust for Democracy (BTD).
Овој информативен производ беше овозможен во рамките на програмата CIVICA Mobilitas -  имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа, SDC, и BTD.

No comments:

Post a Comment