Tuesday, December 6, 2011

Сите сме еднакви пред законот

Член 7: Ситe луѓe сe eднaкви прeд зaкoнoт и нa ситe им припaѓa, бeз никaквa дискриминaциja, eднaквa зaштитa сo зaкoн. Нa ситe им припaѓa eднaквa зaштитa oд кaквa и дa e дискриминaциja, штo e вo спрoтивнoст нa oвaa Дeклaрaциja и oд кaквo и дa e пoттикнувaњe нa тaквa дискриминациja.
Дискриминацијата го деградира човековото достоинство и го повредува општеството на долги патеки. Државата, јавните и приватните институции во Република Македонија оставаат темна дамка во животот на луѓето секој ден. Што посиромашни се поединците, групите или заедниците, толку повеќе форми на дискриминација трпат. Сето тоа креира општествена, политичка и економска инерција, правејќи го мнозинството пасивно и убедено дека таквите практики се оправдани.
Дискриминацијата има многу лица. Луѓето се дискриминирани по различни основи, како етничка, религиозна и расна. Може да се идентификуваат сериозни повреди и дискриминација заснована на род, сексуална ориентација и возраст. Можеме да ја видиме практично во секоја сфера на живеењето: образование, животна средина, исхрана, домување, привремени работници во странство, сезонски работници, бегалци и раселени лица, репродуктивно здравје, работници итн. Сите овие области се дел од општествениот, политичкиот и културниот живот каде што владините институции се тие што спроведуваат дискриминација на различни начини.
Борбата против дискриминацијата е императивна задача на секој владин функционер и службеник на национално и локално ниво. Воедно, борбата против дискриминацијата е континуиран и комплексен процес на сите ниво во сите сегменти на општеството.
Според Член 7 од Универзалната декларација за човекови права, на владите им е забрането да ги третираат луѓето на неправеден и ограничувачки начин. Тоа имплицира дека владите мораат да ги почитуваат човековите фундаментални права и слободи и да обезбедат заштита во процесите на креирање политики и донесување одлуки, да градат и одржуваат систем за социјална заштита кој ги исполнува потребите на секој граѓанин во земјата. Дискриминаторно и исклучувачко општество е далеку од демократско; тоа е деструктивно и мрачно место каде што луѓето се уплашени и загрозени.
Џабир Дерала, Претседател на Цивил 

ПУБЛИКУВАЈ ЕДЕН ЧЛЕН НА ДЕН
Уредници, водители, новинари:
Прочитајте и публикувајте еден член од Универзалната декларација за човекови права секој ден. Со тоа многу ќе придонесете кон јакнењето на јавната свест и едукацијата за човековите права и слободи. Познавањето на човековите права е првиот чекор кон нивното почитување и кон борбата против дискриминацијата. Помогнете им на луѓето да се здобијат со знаење и да ја обноват својата доверба и достоинство. Со само неколку секунди на ден, постигнувате многу.

No comments:

Post a Comment