Monday, December 5, 2011

ТОРТУРАТА Е ЗАБРАНЕТА!


ЧОВЕК=ПРАВА
1-30 декември 2011
Секој ден во декември го посветуваме на по еден член во Универзалната декларација за човекови права соодветен на датумот. Приклучи се и ти! Сподели ја твојата приказна со светот...

Решенија
Проект за политичка култура и дијалог
УНИВEРЗAЛНA ДEKЛAРAЦИJA ЗA ЧOВEKOВИTE ПРAВA

Член 5
Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.

Тортура и други облици на злоставување
Тортурата и други облици на злоставување не се новост во Република Македонија. Народниот правобранител, македонскиот Хелсиншкиот комитет, Комисијата за превенција од тортура и други организации од земјава и од странство известуваат за различни облици на злоставување, главно спроведувани од полицијата, персоналот на затворите и специјалните установи, како и од специјалната единица „Алфи“.
Според бројни извештаи, македонските затвори се места на страв, понижување, насилство и смрт. Додека извештаите укажуваат на суров третман на уапсените и затворениците, владата презема градежни работи и ги презентира како реформи на затворскиот систем, „заборавајќи“ дека се работи за системот и за персоналот кои мора да бидат реформирани до болка. Ова согледување се однесува и на полицискиот притвор; полициските станици се места на понижување, психолошко и физичко злоставување, кое треба да биде подложено на инспекција, наспроти малиот број пријави од граѓаните што е последица на страв, а не дека проблемот не постои.

Амнести интернешнл: Годишен извештај [извадок]
Во март Македонскиот Хелсиншки комитет објави дека сериозни недостатоци во психијатриските болници често изнесува повреди на правата на пациентите. Условите за живот се опишани од странана Народниот правобранител во септември како "катастрофална". Во септември на Европскиот комитет за превенција на тортура вршат посета на местата на притвор, вклучувајќи ги и социјалнитедомови и психијатриските болници.
Македонскиот Хелсиншки комитет во март извести за сериозни недостатоци во психијатриските болници во кои често се кршат правата на пациентите. Условите за живот беа опишани од Омбудсманот како „катастрофални“ во септември. Европскиот комитет за превенција од тортура ги посети локациите за притвор, домовите за социјална грижа и психијатриските болници.
Извештаите за малтретирањето од полицијата продолжуваат да пристигнуваат.
  • Ромите обвинија за прекумерна употреба на сила кога 200 припадници на специјалната полиција учествуваше во затворањето на дивиот пазар во скопската населба Шуто Оризари во април. Меѓу повредените се наоѓаа 17 полицајци и, според градоначалникот, над 40 Роми. Како и да е, невладините организации известуваат за тоа дека Ромите не поднесуваат жалби поради страв од одмазда. Внатрешната истрага дојде до заклучок дека полицијата „дејствуваше во рамки на своите овластувања“.
  • Владата се согласи на спогодбено решение со Јасмина Суља по нејзиното барање до Европскиот суд за човекови права. Таа тврдеше дека и бил ускратенн ефикасен правен лек како резултат на неуспехот на властите да ја истражи смртта на нејзиниот партнер Сабри Асани, етнички Албанец кој почина, наводно, како последица од тепањето во полициски притвор во јануари 2000 година.
Кликни на www.civil.org.mk за повеќе информации.
Сподели ја својата приказна со нас:
и придружи се кон е-дебатата за човековите права.

ЧОВЕК=ПРАВА е дел од Решенија – проект за политичка култура и дијалог, финансиран од Balkan Trust for Democracy (BTD).

Овој информативен производ беше овозможен во рамките на програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа, SDC, и BTD.

1 comment: