Friday, December 2, 2011

Не дискриминирај!


Сите права и слободи им припаѓаат на сите луѓе без разлика на нивната припадност и потекло.

УНИВEРЗAЛНA ДEKЛAРAЦИJA ЗA ЧOВEKOВИTE ПРAВA
Члeн 2
Ситe прaвa и слoбoди нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja им припaѓaaт нa ситe луѓe, бeз oглeд нa нивнитe рaзлики, кaкo штo сe: рaсa, бoja, пoл, jaзик, рeлигиja, пoлитичкo или другo убeдувaњe, нaциoнaлнo или oпштeствeнo пoтeклo, сoпствeнoст, рaѓaњe, или друг стaтус.
Нaтaму, нeмa дa сe зeмa прeдвид пoлитичкиoт, прaвниoт или мeѓунaрoдниoт стaтус нa зeмjaтa или тeритoриjaтa нa кoja и припaѓa лицeтo, бeз рaзликa дaли зeмjaтa e нeзaвиснa, пoд стaрaтeлствo, бeз сaмoупрaвнa влaст или пoд кaкoв и дa e друг oблик нa oгрaничувaњe нa нejзиниoт сувeрeнитeт


Република Македонија страда од дискриминација на сите нивоа, вклучувајќи ја и институционализираната дискриминација заснована на етничка, религиозна, родова, возрасна, социјална и политичка припадност и сексуална ориентација. Длабоко вкоренета, дискриминацијата е дел од социјалниот живот. Владините политики на локално и национално ниво не се разликуваат од општо прифатените дискриминаторски манири и практики; дотолку повеќе, тие се дури и охрабрувани на различни начини.
Иако антидискриминацијата е регулирана со закон, самиот закон е дискриминаторски кон одредени групи во општеството, особено кон хомосескуалците (LGBT). Влада ги користи широко распространетите предрасуди кон хомосексуалците и ја изостави оваа категорија од Законот за заштита од дискриминација пред две години, практично ставајќи ги хомосексуалците во земјата надвор од законот.
Областите во кои се практикува дискриминацијата не запираат овде. Дури и ако одредена категорија е формално заштитена со споменатиот закон, државните и локалните власти функционираат на таков начин што обесхрабрува секаков вид реакција на граѓаните против дискриминацијата.
Граѓанските организации, народниот правобранител и релевантни меѓународни организации и институции во низа наврати известуваат за дискриминаторните политики и практики, безуспешно. Дискриминацијата продолжува. Таа е алатка која ја употребуваат политичките елити во нивните игри на моќта. Наспроти уставните и легислативните определби, Република Македонија осанува длабоко поделена земја од многу аспекти; земја каде што дискриминацијата ги стеснува можностите за слободно мислење и почит за човековите права.

ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА!
Денеска, те повикуваме да прогласиш ДЕН БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА во твојот дом, во твојата улица, на твоето работно место, каде и да одиш. Бори се против твоите сопствени предрасуди денеска и кажи им на другите да го сторат истото. Кога ќе видиш колку добро чувство е тоа, ќе посакаш да прогласиш УШТЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА. Потоа, ДЕН БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА... И така со ред... биди различен и биди горд на тоа. Ти не си парче фабричка стока, ти си целосно човечко битие, исто како и другите седум милијарди луѓе на Земјата; сите тие имаат право да бидат различни. Не дискриминирај!
ЗАПАЛИ СВЕЌА пред институцијата каде што во најскоро време почувствува дискриминација. Фотографирај го тоа и испрати ни го. Приложи и кратка сторија за тоа каква дискриминација претрпе. Беше сведок или беше предмет на дискриминација во локалното училиште, компанијата, општината, политичката партија, владата или нешто друго? Те охрабруваме да напишеш писмо до раководителот на таа институција, раскажи ја приказната со свои зборови и испрати ја. Испрати ни копија и нам. На драга волја ќе ја публикуваме твојата сторија.
Земи едно парче текстил и пречкртај го зборот ДИСКРИМИНАЦИЈА. Нека биде тоа твоето ЗНАМЕ ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА. Веј го наоколу.
Некој те нарече предавник затоа што се дружиш со другите? Биди убеден-а: токму тоа лице го предаде човечкиот род.

Џабир Дерала
Претседател на Цивил – Центар за слобода

No comments:

Post a Comment