Sunday, December 11, 2011

ПРАВО НА ПРИВАТНОСТ

УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Члeн 12: Никoj нeмa дa бидe излoжeн нa прoизвoлнo вмeшувaњe вo нeгoвиoт привaтeн и сeмeeн живoт, дoмoт или прeпискaтa, ниту пaк нa нaпaди врз нeгoвaтa чeст и углeд. Сeкoj имa прaвo нa прaвнa зaштитa oд тaквoтo вмeшувaњe или нaпaди.

Член 12 од Универзалната декларација за човекови права гарантира право на приватност. Тоа значи дека никој не смее да се обиде да ги наруши приватноста и угледот на ниеден човек. Никој нема право да влезе во нечиј дом, не смее да ги отвора туѓите писма, да вознемирува некого поединечно или неговото/нејзиното семејство.
Светот воден од растечката потреба од безбедност и од „Војната против теророт“ која ги одбележи изминатите десет години, резултираа со глобална параноја. Често претераните мерки за безбедност вклучуваат 24/7 набљудување на комуникациите и движењето на луѓето грубо кршејќи го правото на приватност.
Република Македонија се соочува со дополнителни предизвици a propos правото на приватност. Набљудувањето и други безбедносни мерки кои (би можеле да) го кршат правото на приватност не се јасно ставени под граѓанска/парламентарна контрола. Под плаштот на безбедноста, борбата против организираниот криминал, сообраќајна безбедност и други изговори, набљудувањето се употребува за да се упадне во животите на луѓето, вклучувајќи ги политичките опоненти, новинарите, независните интелектуалци, активисти за човекови права и на граѓанското општество – се обвинува од различни извори. Не постои лесен начин тие наводи и да се докажат, имајќи ја предвид природата на овие активности, како и на институциите кои имаат капацитет за кршење на ова право.
Џабир М. Дерала
Претседател, Цивил – Центар за слобода

No comments:

Post a Comment