Saturday, December 10, 2011

Не за неправедното затворање!

УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, член 9:  Никој не смее неосновано да биде уапсен, затворен или протеран од својата земја.
Никој не смее да ја ограничи твојата слобода неосновано. Универзалната декларација го гарантира тоа за секој човек. Произволно апсење, произволно лишување од слобода, притвор во случај во кој не постои веројатност или доказ дека лицето сторило кривично дело или доколку не постои соодветен судски случај е забрането со Членот 9.
Апсењето се смета за произволно кога на уапсениот не му се дадени податоци зошто е уапсен и не му е покажан никаков налог. Во многу случаи произволното апсење може да содржи изолација од семејството, пријателите, роднините, јавноста и одговорните органи. Многу поединци кои се произволно уапсени и притворени страдаат од физичка или психичка тортура, како и други вонсудски казни.
За жал, произволното апсење или притворот во повеќето земји во светот се користат како одбрана од демонстранти, соперници, луѓе со спротивни ставови... Тие се особено омилени мерки во земјите во кои владее тоталитаризам и диктартура.
Сите треба заедно да ги славиме човековите права и заедно да се бориме против нивното прекршување. Информирајте се за своите права и за тоа како да ги заштитите!
Марио Јанкуловски
Програмски асистент, Цивил – Центар за слобода

No comments:

Post a Comment